Кошаркарите на шампионот на НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс победија на гостувањето во Орландо Меџик (103-114). Екипата од Калифорнија предводена од Денис Шрeдер и Ентони Дејвис, кои ги предводеа поентерите со 21, односно 18 поени, го надигра домаќинот. Германецот запиша и „дабл-дабл“ ефект со десет асистенции, а Дејвис покажа дека по неколку натпревари ќе се врати во старата форма. Кај Орландо најпрецизен беше Океке со 18 поени, колку што имаше и Харел.