Леброн Џејмс беше најдобар поединец на теренот во победата на Лос Анџелес Лејкерс на третиот натпревар против Хјустон Рокетс (112-102). „Кралот“ постигна 36 поени, дури 29 во првиот дел, и беше најзаслужен за пресвртот кој што „езерџиите“ го направија во полуфиналната серија на Западот.