Најважната дискусија која моментално се води е поврзана со датумот кога треба да започне новата НБА сезона. Финансиите се причина Адам Силвер, комесарот на лигата, да инсистира тоа да се случи порано, но играчите не се согласуваат со тоа и бараат повеќе одмор, со оглед на одложениот крај на минатосезонската финална серија.