На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста - Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тага, неверување, солзи... Во момент, кошарката буквално застана. Спортот престана, замина еден од најголемите, иконата на Лос Анџелес Лејкерс и најсилната лига во светот. Коби почина на 42-годишна возраст, а покрај него и неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум лица загинаа во несреќа во Калабасас.