Лука Дончиќ, откако го пропушти претходниот натпревар против Атланта Хоукс, се врати во ростерот на Далас Маверикс и веднаш тимот им се врати на победите во НБА лигата. По крајно атрактивен и возбудлив натпревар, Далас пред својата публика со 139-123 го разби тимот на Минесота, а на паркетот, покрај словенечкиот ас, блескаа уште неколку кошаркари на домашниот тим.