Дербито на Лос Анџелес му припадна на Клиперси кои се радуваа во вчерашниот судир како гостинска екипа во „Стејплс Центар“ (107-118). Иако „езерџиите“ го контролираа резултатот во вториот дел, одличниот Лу Вилијамс (36) се погрижи да донесе пресврт за својата екипа, која го искористи отсуството на Леброн Џејмс, Џавел Мекги и Ражон Рондо.