Во убедливо најдраматичниот натпревар по рестартот на НБА лигата, поените со звукот на сирената на Девин Букер му донесоа голема победа на Феникс против Лос Анџелес Клиперс против 117-115. Кошаркарот на Феникс погоди од свртување, од многу тешка позиција и преку двоен блок. Соиграчите веднаш му дотрчаа во прегратки, знаејќи дека приреди прворазреден подвиг.