Од 11 натпревари кои се играа синоќа во НБА лигата, најмногу возбудувања имаше на дербито помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Оклахома. Предводена од Дурант и неговиот учинок од 30 поени, 11 скокови, 5 асистенции, 5 блокади и Расел Вестбрук, кој постигна 24 поени, 12 асистенции, 6 скока, Оклахома имаше предност против Клиперси од 22 поени, но во последните неколку минути, Клиперси направија пресврт. Со серија 26-5, домашната екипа триумфираше со 103-98.