Филаделфија го совлада Бруклин со 102-97 и поведе со 3-0 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата. Тајрис Макси ја предводеше Филаделфија со 25 поени, вклучително и важна тројка на 44 секунди до крајот на натпреварот. Џејмс Харден постигна 21 поен со пет скока и четири асистенции, пред да биде исфрлен поради удирањето на Ројс О'Нил во препоните. Тобијас Харис додаде 15 поени со седум асистенции. Џоел Ембид го заврши натпреварот со 14 поени и 10 скока, а на 8,8 секунди пред крајот имаше клучен блок кој спречи изедначување.