Овогодинешниот прв пик на драфтот во НБА лигата, Паоло Банкеро имаше неверојатно деби во најсилната конкуренција. Младиот играч на Орландо Меџик го предводеше тимот со 27 поени, девет скока, пет асистенции и два блока, меѓутоа за жал не успеа да го поведе до победата против Детроит Пистонс.