Екипата на Кливленд беше последната која нема запишано пораз во новата сезона. Атланта, предводена од Денис Шрудер, вчера славеше на гости во „Куикен Лонс арената“ со 106-110. Покрај 28. поени на Шрудер, во победата свое учество имаа Кент Бејзмор (25) и Пол Милсап (21), како и Двајт Хауард, кој имаше дури 17 скока. Кај шампионот, Ирвинг постигна 29, Кевин Лав 24, додека Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 23 поени.