По серијата трејдови пред два дена, екипата на Кливленд Кавалирс го одигра првиот натпревар со новиот изглед и ја совлада Атланта Хокс (123-107). Предводени од деаеттиот сезонски „трипл-дабл“ учинокот на Леброн Џејмс, кој постигна 22 поени, 12 скока и 17 асистенции, тимот докажа дека го направи правилниот потег со мини-ремонтот. Одличен беше и Кајл Корвер, кој беше најефикасен на теренот со 30 поени.