Кошаркарите на Милвоки Бакс победија во најинтересниот дуел на вечерта во НБА лигата, на свој терен против Атланта Хокс со 129-115. Во текот на целата средба, предноста на Бакси беше висока, со што не му дозволија на ривалот да се надева на добар резултат. Уште на стартот домаќинот убедливо поведе и го контролираше мечот. Иако Хокси ги имаа најпрецизните на мечот во Хантер со 33 и Колинс со 30 поени, не успеаja да стигнат до триумф. Најкорисниот играч во лигата за минатите две сезони, Јанис Антетокумбо запиша „дабл-дабл“ ефект од 27 поени и дури 14 скокови, а на тоа надоврза и осум асистенции.