Екипата на Милвоки Бакс е на чекор до финале во НБА лигата, откако во последната борба во Источната конференција стигна до нова предност против Атланта Хоукс. Со победата од 123-112, Бакси се изборија за водство од 3-2 во пресрет на шестиот натпревар кој се игра за два дена во Атланта.