Изминатата вечер се одигра петтиот натпревар во финалната серија на Истокот, во која Бостон славеше против Кливленд и поведе со 3-2. Најзаслужен за тоа беше новајлијата во тимот на Бред Стивенс, Џејсон Татум, кој ја предводеше листата на стрелци со 24 поени, а тоа го донесе на чекор до легендарниот Карим Абдул Џабар и неговиот рекорд од 1970 година.