НБА вечерта беше одбележана од одличното издание на кошаркарите на ЛА Клиперс, кои го декласираа еден од фаворитите за титулата оваа сезона Бостон Селтикс (140-115). Најзаслужен за оваа победа на избраниците на Док Риверс беше Лу Вилијамс кој постигна 34 поени и испиша историја. Тој го надмина рекордот на таткото на Стеф Кари, Дел, и изби на челната позиција кога се во прашање најдобрите стрелци од клупата за резерви во лигата.