Големото дерби меѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс донесе убедлива победа за домашната екипа во „ТД Гарден“ (139-107). Кам-бек по подолго време направи Ентони Дејвис, но неговото присуство не беше доволно да се избегне висок пораз кај лутиот ривал. Џејсон Татум со 27 поени блескаше за Селтикси, а Леброн запиша скромни 15 поени за „езерџиите“.