Со секој нов натпревар, кошаркарите на Мајами ги поместуваат границите. Во НБА плеј-офот влегоа како осми носители, ги исфрлија Милвоки и Њујорк и сега водат со 2-0 против Бостон. На теренот повторно главен беше Џими Батлер, а кошаркарите на Мајами направија нов брејк во финалето на плеј-офот на Источната конференција, вторпат совладувајќи ги Селтикси во Бостон, овој пат со 105-111.