Њујорк Никс направи голем пресврт и славеше на теренот на шампионот Милвоки Бакс (98-113). Се чинеше дека фаворитот ќе запише нова рутинска победа, особено во периодот кога имаше +21, но на крај дозволи гостинот да се врати во игра и на крај убедливо да го прослави триумфот. Одлична вечер имаше Џулиус Рендл со 32 поени, а му помогна Дерик Роуз со 23 поени. Јанис Антетокумбо постигна 25 поени кај домашната екипа.