Кошаркарите на Бостон, предводени од феноменалниот Џејсон Тејтум, ја совладаа Филаделфија со 112-88 во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција. Селтикси по генијален натпревар ја добија серијата со 4-3 и се пласираа во финалето на Истокот, каде ќе ги одмерат силите со Мајами Хит.