Синоќа вицешампионот во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, ја забележа најубедливата победа во новата сезона. На паркетот блескаше Клеј Томсон кој за 29 минути постигна 60 поени, но овој меч го одбележа и феноменалната акција на триото Грин, Кари, Дурант која ретко се гледа и сигурно ќе ве остави без здив.