Бруклин Нетс победи на гостувањето кај Индијана Пејсерс со 130-113, запишувајќи го четвртото славје во низа во НБА лигата. Кевин Дурант одигра одличен натпревар, успеа да постигне 42 поени, а запиша и десет асистенции со што беше многу корисен во нападот. Одличен настап во два правци имаше Џонсон, кој со 20 поени и дури 21 скок го поддржа Дурант. Кај Индијана, најдобар играч беше Леверт со 36 поени, кои беа недоволни за добар резултат на својот тим.