Кошаркарите на Денвер Нагетс се радуваа на домашно славје во „Бол Арена“ против Оклахома Сити Тандер од 113-107. Предводени од одличниот Никола Јокиќ, кој уште еднаш беше на чекор до „трипл-дабл“ и мечот го заврши со 35 поени, 12 скока и осум асистенции, Нагетси ја оправдаа фаворитската улога. Така, по претходната победа над Орландо, Оклахома се врати на црната серија порази во НБА лигата.