Кошаркарите на Денвер загубија пред своите навивачи од Бруклин со 120-122, а Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија и покрај промашувањето за победа. Српскиот ас го забележа 103. „трипл-дабл“ во кариерата, односно 25-ти во сезоната. Крај своето име ѕвездата од Сомбор запиша 35 поени (14/22 за два поени, 0/1 за три поени, 7/10 слободни фрлања), 20 скока, 11 асистенции и по две украдени топка и блокади, но и тие не беа доволни за лидерот на Западната конференција да избегне трет последователен пораз. Нагетси се и натаму први со скор 46-22, додека Нетси се петти на Истокот со скор 39-29.