Лидерот на Западната конференција, Феникс Санс без потешкотии славеше кај Оклахома Сити Тандер со 104-124. Предводени од Девон Букер ,кој со „дабл-дабл“ беше најкорисен на паркетот, „сонцата“ стигнаа до осмото последователно славје. Иако Оклахома го имаше најефикасниот Гилџис-Александер со 32 поени, Букер беше покорисен со 25 поени и 12 асистенции. Отсуството на Крис Пол засега не е проблем кој е ненадминлив, па Феникс чекори сигурно кон плеј-офот од врвот.