Кошаркарите на Мемфис Гризлис се во незавидна позиција, имаат негатива во серијата со Голден Стејт од 3-1, меѓутоа и надеж за кам-бек. Сепак, реалноста е дека се далеку од тоа, особено без најдобриот играч во тимот Џа Морант.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 3-1 во серијата против Мемфис Гризлис, откако на свој паркет победија со 101-98. Неизвесната средба во „Чејс Центарот“ во Сан Франциско заврши со среќен крај за домаќинот, кој е на чекор до пласман во конференциското финале.
Екипата на Голден Стејт Вориорс забележа убедлива победа над Мемфис Гризлис и поведе со 2-1 во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА лигата. На свој терен Вориорси одиграа неверојатен натпревар и со 30 поени разлика го „размонтираа“ противникот (142-112).
Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја завршија својата работа во осминафиналето на НБА лигата и четврти пат славеа против Минесота Тимберволвс (106-114). На средбата во „Таргет Центар“, домаќинот од Минеаполис испушти шанса да ја израмни серијата и да избори „мајсторка“.
Кошаркарите на Денвер Нагетс обезбедија пласман во плеј-офот во НБА лигата, откако со 122-109 го совладаа составот на Мемфис Гризлис, во натпревар во кој одново во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ. Српскиот ас имаше уште една несекојдневна и значајна вечер во кариерата во најсилната лига.
Џа Морант ја имаше својата најдобра партија во НБА кариерата и со 52 поени го предводеше Мемфис до победа над Сан Антонио (118-105). 22-годишниот плејмејкер имаше свое шоу во триумфот, а особено се истакна во две ситуации.
Големиот балкански ас Лука Дончиќ продолжува да одушевува во НБА лигата, па одново беше главен играч во победата на Далас над Мемфис со 37 поени, 11 скока и девет асистенции.
Кошаркарите на Далас Маверикс ја прекинаа серијата од единаесет победи во низа на Мемфис Гризлис и се радуваа во „ФедЕксФорум“ со 85-112. Домаќинот одигра одличен прв дел, ама потоа падна и тоа го искористија Мавси кои предводени од одличниот Лука Дончиќ дојдоа до победата.
Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја запишаа десеттата последователна победа, откако се радуваа против Голден Стејт Вориорс со 116-108. Бадијала Стеф Кари запиша „трипл-дабл“ ефект, бидејќи неговите соиграчи не го следеа чекорот и запишаа пораз во „ФедЕксФорум“.
Кошаркарите на Мемфис Гризлис, предводени од одличниот Џа Морант, ги победија Лос Анџелес Лејкерси со 104-99 на свој паркет во „ФедЕксФорум“. Иако „езерџиите“ беа предводени од разиграниот Леброн Џејмс, сепак домаќинот дојде до пресврт во завршницата и победи.
Мемфис Гризлис во луда завршница успеа да слави на тешкиот терен кај Феникс Санс (113-114). Најзаслужен за триумфот беше Џа Морант кој го постигна последниот погодок и тоа од тешка позиција. Претходно домаќинот го презеде водството, со фантастичната тројка на Девин Букер, кој заврши со 30 поени.
Мемфис Гризлис запиша триумф против Лос Анџелес Лејкерс (108-95). Пресметката во „ФедЕксФорум“ можеше да заврши со победа на двата ривали, натпреварот беше изедначен со промени во водството, но во завршниот период Гризлис одиграа одлично и на крајот заслужено славеа.