Синоќа се одиграа само три натпревари во НБА лигата, а во најинтересниот кошаркарите на Хјустон Рокетс го совладаа Портланд Треил Блејзерс со 111-103. „Ракетите“ лошо го отворија мечот, имаа и негатива од -15, но во продолжение одиграа доминантно, во последната четвртина стигнаа до највисоки +17 (100-83), за да на крајот триумфираат со осум поени разлика.