Шампионот на НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс дома загуби од Сакраменто Кингс со 106-110. Уште од самиот старт гостите во „Стејплс Центар“ беа подобри, водеа и го контролираа резултатот. Лејкерси се вратија и поведоа, но во завршницата попушти концентрацијата и Кингси победија. Халубуртон го предводеше Сакраменто со 23 поени и десет асистенции, а Ентони Дејвис оствари „дабл-дабл“ во Лејкерс со 22 поени и 11 скокови.