Кошаркарите на Хјустон Рокетс му го нанесоа четвртиот пораз во серија на Денвер Нагетс, откако во „Пепси Центар“ го совладаа со 99-109. Решавачка за победата на „ракетите“ беше серијата од 0-8 во третата четвртина, по која гостите се одлепија на 76-87 и таа предност ја чуваа до самиот крај. Најпрецизен кај Хјустон беше Капела со 24 поени, а Харден додаде 22 поени. На спротивната страна Морис запиша 19 поени, а Никола Јокиќ го заврши мечот со 14 поени и 12 скока.