Највозбудливиот натпревар од богатата НБА вечер се одигра во „ТД Гарден Арена“, каде Бостон минимално беше поразен од Хјустон по продолжението (110-111). Иако Селтикси со чудо обезбедија дополнителни пет минути, во екстра времето немаа сили да го совладаат гостинот од Тексас, за кој одлични беа Расел Вестбрук (41) и Џејмс Харден (21). Џејсон Татум со 32 поени се истакна кај домаќинот и продолжи да игра во одлична форма во пресрет на плеј-офот.