Мајами оствари голема победа над најдобриот тим во НБА лигата, Милвоки Бакс, со резултат 121-99 и поведе со 2-1 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција. Тимот од Флорида, кој влезе во плеј-офот како осми тим, беше предводен со 30 поени на Џими Батлер, но тој го напушти теренот со повреда на средината на третата четвртина, како и Виктор Оладипо во четвртата четвртина со проблем со коленото. Овие проблеми се надоврзуваат на проблемите на Тајлер Хиро, кој на првиот натпреварј а скрши десната рака. Од друга страна, и Бакси имаат проблеми со повреди. Втор натпревар по ред поради повреда на грбот отсуствуваше најдобриот играч Јанис Адетокумбо.