За разлика од многу евролигаши, Црвена Звезда немаше многу време за одмор помеѓу завршницата на националниот куп и продолжението на најелитното натпреварување. Со сите здравствени проблеми кои им се случија минатата седмица, „црвено-белите“ мораа во средата да го одработат и одложениот меч од Јадранската лига со Борац, а потоа истата вечер да се свртат кон дуелот со Зенит кој е на распоред в петок од 20:45 часот.