Веќе извесно е кои екипи следната сезона ќе играат во понизок ранг на натпреварување. Струмица и Куманово, кои одиграа сезона за заборав, вечерва се сретнаа во дуел за престиж. Во празниот амбиент на спортската сала „Парк“ во Струмица, домаќинот славеше со 124-108, во рамките на шестото коло од плеј-аутот.