Кошаркарите на Пелистер загубија и од Златибор со 85-83, во нова драма во АБА2 лигата. Откако во првиот дуел на третиот „балон“ во Сараево, битолчани драматично беа поразени од Широки, сега повторно одлучуваше еден напад со српскиот тим. Иако долго беше во подредена улога, „ранетиот“ состав на Илиевски рамноправно се врати во финишот и се бореше за победата.