Работнички

  • „Вечното“ дерби за МЗТ Скопје, Стојановски со кош-винер го сруши Работнички 

    Кошаркарите на Работнички беа на работ на сензација во „Јане Сандански“ и во самиот финиш дозволија МЗТ Скопје да се разигра и да слави епска победа во „вечното“ дерби на македонската кошарка (92-90). За големата тага на „центарци“ најзаслужен беше репрезентативецот Дамјан Стојановски, кој во самиот финиш реализира кош-винер и го одведе својот тим до големо славје против вечниот риввал. 

  • Мираковски: Мораме максимално квалитетно за да славиме против овој МЗТ Скопје

    Најголемото македонско кошаркарско дерби попладнево ќе има ново поглавје, овојпат во тажен амбиент во СЦ „Јане Сандански“, без присуство на гледачи. Односот победи порази е далеку на страната на Работнички. Екипата од „Градски парк“ има 89 победи во меѓусебните дуели, онаа другата, „сино-белата“ може да се пофали со 61 успех во овие пресметки.

  • Кочов претпазлив: Работнички има најискусен состав во лигата

    Шеснаесеттото коло од Првата лига го носи и најголемото дерби во македонската кошарка. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во улога на домаќин, ќе биде МЗТ Скопје Аеродром, а дуелот ќе се игра без присуство на публика.

  • „Вечното дерби“ закажано за в недела, МЗТ Скопје апсолутен фаворит

    По двонеделната пауза заради настапот на националната репрезентација во квалификациите за Евробаскетот во 2021 година, овој викенд продолжуваат натпреварите од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Останаа уште малку дилеми околу патниците во Суперлигата, а Куманово многу подобро котира од Пелистер пред последните три кола.

  • Прва лига

    Супер-возбудливо дерби во „Градски парк“, со хепи-енд за домаќинот

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички запиша нова победа во Првата лига во супер-драматично дерби против Еуро Никел (76-74) кое се реши во последните секунди. Мечот беше изедначен во првото полувреме, а во вториот дел и двата тима имаа по еден блесок во кварталите. Еуро Никел доминираше во третата, Работнички во четвртата, па пристигна интересниот финиш по вкус на сите љубители на кошарката. Човек на одлука беше американскиот кошаркар Питс, кој ги даде поените вредни победа за домаќинот.

  • Питс со поени на две секунди пред крајот го израдува Работнички

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички запиша нова победа во Првата лига во супер-драматично дерби против Еуро Никел (76-74) кое се реши во последните секунди.

  • Прва лига

    Центарци со стил му се одмаздија на ФМП за шокантниот пораз

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички успеа да слави над Академија ФМП (88-60) во меч кој се играше во рамки на Првата лига. Центарци важеа за апсолутни фаворити, а на терен ја оправдаа довербата. Овој натпревар беше од емотивно значење за домашните во салата „Градски парк“, затоа што публиката и кошаркарите му оддадоа чест на трагично починатиот Благоја Георгиевски - Буштур, кој животот го загуби во сообраќајка. Со оваа победа Работнички се одмазди на Академија ФМП за претходниот меч во Кисела Вода каде домаќинот направи сензација.

  • Работнички на рутина подобар од Академија ФМП

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички успеа да слави над Академија ФМП (88-60) во меч кој се играше во рамки на Првата лига.

  • „Градски парк“ му оддаде почит на Буштур, Работнички ја повлече „13-ката“

    Благоја Георгиевски - Буштур, славниот македонски кошаркар, замина меѓу легендите на 69-годишна возраст откако го загуби животот во сообраќајна несреќа. Кошаркарска Македонија тагува, сите се простуваат од него, меѓу нив е и неговата „прва љубов“, Работнички.

  • „Буштур, од тебе ја презедов траката - беше и секогаш ќе бидеш ЛЕГЕНДА!“

    Смрта на Благоја Георгиевски - Буштур е голема загуба за македонскиот спорт. Оние кои добро го познаваа, беа негови пријатели, колеги, познаници се сеќаваат и го испраќаат во вечноста.

  • „Нѐ напушти најголемиот играч, Работнички беше прва и единствена љубов за него“

    Спортската јавност во Македонија беше погодена од несреќата која му го одзеде животот на Благоја Георгиевски - Буштур. Кошаркарската легенда доби последни поздрави од голем дел екипи, огранизации и спортисти во земјата, но и надвор од неа. 

  • Прва лига

    Тежок удар за пелистерци, Работнички ја оддалечи Суперлигата од Битола

    Во драматичен и на моменти многу квалитетен натпревар, Работнички по две продолженија го совлада Пелистер среде Битола и ги успори момците на Малинков во борбата за Суперлигата. Во натпревар со милион емоции, Пелистер беше пред победа во регуларниот тек, Работнички по првото екстра-време, за во второто на битолчани да им понедостига сила и бодовите заминаа во Скопје. Финалните 110-115 ги задоволија битолските љубители на кошарката, кои со аплаузи ги наградија двете екипи.

  • Мираковски: И Пелистер да победеше, немаше да биде незаслужано

    Димитар Мираковски, тренерот на Работнички, им честита на своите избраници за тешката победа во Битола, но напомена дека и Пелистер да триумфираше на овој натпревар, тоа немаше да биде незаслужено. 

  • Шоу на Лесколт, Работнички по две продолженија го сруши Пелистер

    Во драматични 50 минути во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, Работнички го совлада Пелистер со 110-115 во дербито од 13. коло на Првата лига и значитечно ги искомпликува шансите за Суперлига на битолскиот клуб. 

  • Николовски: Со добра игра во одбрана, можеме да победиме во Битола

    Дербито на првото коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија во новата година е гостувањето на Работнички во Битола. Многу поважен дуел за битолчани пред кои се јавува императив на победа, која би ги одржала шансите за место во првата „шестка“ во Првата лига.

  • Малинков: Ни доаѓа засилен Работнички, ќе ни треба многу труд за победа

    Овој викенд продолжува кошаркарскиот шампионат на Македонија и веднаш се играат неколку дерби натпревари кои треба да ја појаснат збрката за местата во Суперлигата. Еден од најважните дуели е гостувањето на Работнички во Битола. 

  • Американски плејмејкер ќе ја добие „диригенската“ палка во Работнички

    Откако пред неколку дена тренерот Димитар Мираковски најави дека Работнички допрва ќе ги претстави своите најголеми засилувања за вториот дел од сезоната во Првата лига, денес пристигна првото име го „Градски Парк“. 

  • Прва лига

    Капитенот се разигра на крајот, Куманово запрен во „Градски парк“

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички фати приклучок во горниот дел на табелата со МЗТ Скопје, затоа што на домашен терен го совлада Куманово (77-72), ривал кој се покажа како доста незгоден. Иако во подмладен состав, Куманово му даде голем отпор на фаворитот на хартија во „Градски парк“. Работнички и гостинот играа дуел рамо до рамо три периода, а избраниците на Димитар Мираковски го скршија отпорот во последните десет минути и дуелот го добија на искуство. Во клучните моменти се разигра капитенот Кирил Николовски, а поддршка под обрачите му беше одличниот Љубомир Младеновски, со „дабл-дабл“.

  • „Дабл-дабл“ на Младеновски, Работнички подобар од Куманово

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички фати приклучок во горниот дел на табелата со МЗТ Скопје, затоа што на домашен терен го совлада Куманово (77-72), ривал кој се покажа како доста незгоден.

  • Мираковски: Само што започнавме со засилувањата, ќе бидеме многу посилни

    Крајот на минатата година остави наталожени проблеми за најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички. Затоа од клубот од Центар веднаш се фатија за работа, доведоа неколку освежувања, а во планот на управниот одбор се и дополнителни засилувања.

Pages