Екипата на Работнички забележа триумф во мечот со Куманово (88-79), а и двата тима понудија супер-кошаркарски натпревар со возбудувања, како најава за четвртфиналниот дуел од Купот на Македонија. Мечот наговестуваше лесен триумф за центарци, ако се земе предвид дека првата четвртина му припадна на домаќинот со убедливи 31-18. Но, во последните десет минути Куманово даде голем отпор, па тимот на Докузовски мораше малку да се помачи за да дојде до победата во својот „Градски парк“. Најдобри кај победникот беа Мираковски и Костов со по 19 поени. Крстевски даде 17, додека Караџовски финишира со 15 поени. Кај кумановчани, Думиќ реализира „дабл-дабл“ од 22 поени и 11 асистенции.