Викендов продолжуваат возбудувањата од плеј-офот во Првата кошаркарска лига, на програмата се три натпревари од четвртфиналните серии. МЗТ Скопје, екипата која го брани шампионскиот трофеј е првата, и единствена која во само два натпревари се стекна со статусот на полуфиналист во плеј-офот. За останатите три места, следуваат решавачките натпревари.