Хрватскиот кошаркар Роко Лени Укиќ и кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија меѓусебно го раскинаа договорот, а искусниот плејмејкер во продолжението од сезоната ќе игра за Сплит.
Членот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Роко Лени Укиќ и официјално e нов член на Цедевита Олимпија, откако потпиша едносезонски договор за клубот од Љубљана.
Изненадувачки трансфер би можел да се реализира ова лето, пренесуваат хрватските медиуми. Поранешната НБА ѕвезда Брендон Џенингс остварил контакт со екипата на Цедевита, која преговара да го доведе во својот ростер.
Од ден на ден новиот хрватско-словенечки проект изгледа многу сериозно. Цедевита Олимпија се засили со искусен српски интернационалец и кошаркар кој има медали од големите приредби со националниот тим на нашиот северен сосед.
Кошаркарите на Цедевита со победа ја започнаа полуфиналната плеј-оф серија против Будуќност, откако во Загреб славеа со 90-83 и се доближија на само еден чекор од пласман во големото финале.
Американскиот кошаркар Џејкоб Пулен од денес е нов член на првакот на Хрватска, Цедевита од Загреб. Ова е своевидно враќање на 28-годишниот Пулен во Цедевита, клуб каде што настапуваше во сезоната 2015/16. Грузискиот репрезентативецот доаѓа од италијанскиот Бриндизи,чиј дрес го носеше минатата сезона.
Шпанскиот тренер Сито Алонсо остана без работа, откако синоќа ја прекина соработката со првакот на Хрватска, Цедевита од Загреб. Челниците на клубот му врачија отказ, откако во првите осум сезонски натпревари забележа три победи и пет порази.
Последните два шампиони и финалисти во ланското издание на плеј-офот на АБА лигата, Црвена Звезда и Будуќност ќе играат за титулата од Суперкупот на АБА-лигата, чиј втор ден денес во Лакташи заврши без изненадувања.
Кошаркарите на Цедевита од Загреб се трет полуфинлист на Суперкупот на АБА лигата, натпреварување кое овој викенд се игра во Црна Гора. Благодарение на одличниот финиш, првакот на Хрватска стигна до триумф против жилавиот Задар со 85-77 (23-17, 20-20, 20-30, 22-10).
Хрватскиот првак Цедевита Загреб сериозно се засили ова лето и досега ангажираше девет нови кошаркари. По Домагој Бошњак, Тајлер Вајдман, Елгин Кук, Витор Бените, Џош Магет, Џастин Кобс, Аугусто Лима и Џејмс Бел, во Загреб дојде и Пабло Агилар.
Хрватскиот шампион Цедевита обезбеди големо засилување за следната сезона која почнува во септември. Имено, клубот од Загреб потпиша со бразилскиот центар угусто Лима, кој минатаа сезона настапуваше за Мурсија.
Американскиот кошаркар Џон Магет е нов играч на Цедевита Загреб. 29-годишниот Американец минатата сезона играше во НБА лигата во редовите на Атланта, а претстојната ќе ја мина во хрватскиот шампион.
Поранешниот тренер на Барселона и Басконија, Шпанецот Сито Алонсо е најсериозен кандидат за тренерското место во хрватскиот шампион, Цедевита. Словенечкиот стручњак Јуре Здовц најави дека ќе си замине по завршувањето на плеј-офот во хрватскиот шампионат.
Хрватскиот кошаркарски шампионат е пред самиот крај, а истиот може да биде последен за тимот на Цедевита во главниот хрватски град. Стандардниот учесник во АБА лигата во Загреб бележеше одлични успеси и резултати, но не успеа да ја привлече публиката, па затоа раководството размислува за преселба во некој друг град.
Будуќност успеа да се пласира во своето прво АБА финале и тоа по шестиот обид, откако заработи елиминација во полуфинлето во претходните пет наврати. Втората и клучна победа против Цедевита (72-57), црногорскиот претставник ја извојува вечрва пред домашната публика, во меч со малку поени и возбудувања.