Кошаркарската репрезентација на Македонија ја оствари целта, ѝ се одмазди на Швјацарија во втората меѓусебна пресметка (61-67) и патува во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2023 година. Швајцарците ги изненадија избраниците на Бајиќ во првата пресметка во Скопје и славеа со пет поени (62-67), но во втората беа комплетно во подредена улога и нашиот национален тим не дозволи ново изненадување. Македонија претходно ја совлада Словачка и со овој триумф, доволен поради подобриот меѓусебен скор, патува во квалификациската рунда за Мундијалот за првпат во својата историја.