Најновото засилување од Соединетите Американски Држави, Џејкоб Вајли може да се окарактеризира како вистински погодок на раководните лица во македонската кошаркарска репрезентација.
Последниот меч од квалификациите за Европското првенство 2022 година донесе пирова победа за Македонија на дуелот со Естонија. Конечниот резултат беше поволен за ривалот, кој успеа да оствари голем успех и се пласира на големото натпреварување.
Естонија си ја оствари целта и избегна висок пораз против Македонија. Тоа значи дека естонската репрезентација ќе игра на Евробаскетот наредната година.
Кошаркарската репрезентација на Македонија остана без пласман на Евробаскетот, откако денес победи со недоволна разлика на клучниот меч против Естонија (84-86) на квалификацискиот турнир во Перм, Русија.
Македонија ќе го одигра клучниот натпревар во квалификациите за Евробаскетот, денес од 15:00 часот против Естонија. На „црвено-жолтите“ им е потребна победа од десет поени разлика, бидејќи Естонците во Скопје славеа со девет пред една година.
Естонија е последната пречка за Македонија на квалификацискиот турнир за Евробаскетот во Перм, Русија. Двоцифрена победа ја носи нашата репрезентација на континенталниот собир. Противникот загуби од Русија на последниот меч, но како да чуваше сили за она што следува денес.
Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ја има решавачката битка за пласман на Европското Првенство, а во истата ќе влезат со групата на борци кои вчера херојски ја совладаа Италија и ја запишаа првата победа во овој квалификациски циклус.
Македонија ја победи Италија, Русија беше подобра од Естонија, па така, нашиот национален тим остана во игра за едно од последните две места на Евробаскетот кој ќе се игра во 2022 година.
Кошаркарската репрезентација на Русија ја заврши работата, славеше над Естонија (75-52) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) и во последното коло Естонците и Македонија ќе бијат директна битка за место на континенталниот собир.
Кошаркарите на Естонија одиграа неверојатен натпревар и во „луд“ финиш ја победија Италија по продолжение со 105-101. Ривалите од групата на Македонија одиграа чуден натпревар, аутсајдерот долго водеше, но за малку не загуби на крајот против разиграните „аѕури“. Естонија издржа и по продолжение го дови лидерот во групата.
Нашиот главен конкурент за пласман на Евробаскетот во 2022 година, селекцијата на Естонија, за Перм отпатува ослабена, затоа што од составот на селекторот Јука Тоијала отпаднаа двајца клучни кошаркари.
Естонија ќе го комплетира квалификациите за Евробаскетот со 15 играчи. Јука Тоијала го објави списокот за Перм, а ќе го чека искусниот Раиесте. Селекторот Јука Тоијала се одлужи за композиција со 15.кошаркари, а до последен момент верува дека ќе го има на располагање и Сандер Раиесте
Љубомир Младеновски се очекува да биде еден од главните адути на селекторот Александар Тодоров на претстојниот „балон“ на нашата најдобра кошаркарска селекција во Талин.
Секој со свои проблеми, со кои играчки сили да се влезе во овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА Европа. Посебен, во секој случај, и во услови кои ги диктира пандемијата која ја предизика коронавирусот, не само во Европа, туку во целиот свет.
Без многу измени ќе ги започне подготовките за ноемврискиот прозорец на ФИБА, репрезентацијата на Естонија, еден од нашите противници од групата Б во трката за пласман на ЕП 2022 година.
Втор натпревар на гостински терен и втор пораз запишаа кошаркарите на Естонија, противникот на Македонија во квалификациите за Евробаскетот. Избраниците на Јука Тоијала се поразени уште еднаш од селекцијата на Финска, навистина, сега со доста помала негатива (67-75) во однос на првата проверка на овие две репрезентации.
Репрезентацијата на Естонија е победник на „Балтик Купот“ со кој федерацијата на оваа балтичка земја го прослави големиот јубилеј, „Сто години кошарка“ во Естонија.