Противникот на македонската репрезентација во квалификациите за Евробаскетот, Велика Британија загуби во Љубљана од Словенија во пријателски натпревар пред почетокот на Евробаскетот. Британците, иако беа жилав противник мораа да им стегнат раце на словенечките кошаркари кои беа подобри и славеа со 92-80 (24-20, 24-23, 23-21, 21-16).