Македонската кошаркарска репрезентација успеа да слави над БиХ и го освои турнирот „Трофеј Македонија“ кој во изминатите три дена се играше во Скопје. Максимално ангажирано, тимот на Давитков ги скроти Португалија, Холандија и БиХ и ја „скрои“ тактиката за претквалификациските мечеви за СП 2019 против Естонија и Косово. Пред официјалниот старт на циклусот, Македонија ја чека уште еден пријателски меч, против Бугарија, на гостински терен.