Екипата на Карпош Соколи ја извојува најубедливата победа сезонава во АБА-лигата против Крка, а на трибините беше присутен Петар Наумоски, претседателот на МКФ кој пред неколку дена ја доби довербата на изборите. За него, ова беше прво појавување во сала сезонава, по Суперкупот, кој се одржа пред стартот на новата сезона. Првиот човек на мак-кошарката сигурно имаше што да види, затоа што македонскиот претставник демонстрира сила и одигра фантастичен натпревар, за четврта радост во АБА сезонава.