Кошаркарската репрезентација на Македонија означи старт на подготовките за натпреварот од втората претквалификациска фаза против Косово, кој на стартот на декември ќе се игра во Гевгелија. На првата прозивка не беше присутен селекторот Јорданчо Давитков, кој слетува во Скопје утре, а тренингот го водеа неговите асистенти. Од кошаркарите, не беа присутни интернационалците од Шпанија, Стојан Ѓуроски и Шејн Витингтон, кои исто така на репрезентативни обврски ќе се јават во текот на утрешниот ден. Атмосферата во националниот тим е на високо ниво, а само победа над ривалот е во мислите на најдобрите кошаркари.