По Србија и Хрватска, денес го добивме последниот патник за кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки игра во Рио. Во финалниот натпревар одигран во Манила, Филипини, селекцијата на Франција во доста неизвесен дуел забележа победа од 83-74 над Канада, што значеше „виза“ за Рио.