На неделниот натпревар во СРЦ „Кале“, Нена Трајчевска потврди дека кој и да е на селекторската позиција, секогаш може да смета на максимумот на нејзините можности. Го потврди тоа нашата искусна кошаркарка, особено во првото полувреме во кое имаше одлични минути. Особено тоа се однесува во уводната четвртина во која не дозволи силниот противник, предводен од феноменалната Џонкуел Џонс да се одвои на уште поголема резултатска дистанца.