Кошаркарите на Работнички забележаа нов убедлив пораз во враќањето на европската кошаркарска сцена. Момците на Марин Докузовски уште еднаш беа надиграни и убедливо поразени од рускиот претставник Парма Пермски Крај, овој пат со 22 разлика (73-95). Сепак, покрај лошата игра на центаци, она што најмногу загрижува се празните трибини, поточно вечерва, иако влезот беше слободен во „Борис Трајковски“ присуствуваа едвај 500 фанови на тимот од Градски Парк.