„Соколите“ она што го најавуваа веќе извесен период, денес во дуелот против Теодо Тиват и го сторија. Поради лошиот судиски критериум, тренерот Драган Николиќ вечерва се реши да го повлече тимот од терен и неславно предвреме да го заврши натпреварот. Вакво нешто БИБЛ од нејзиното формирање не памети, но оваа одлука на Карпош Соколи не е изненадувачка, со оглед на тоа што веќе на неколку наврати од раководството на тимот се закануваа дека доколку не се промени нешто, тие ќе ја напуштат лигата.