Кошаркарите на МЗТ Скопје им се вратија на победите во втората АБА лига, со домашниот триумф попладнево над Сутјеска од 88-78. „Штрковите“ одржаа чекор со лидерот Борац, ривал од кој загубија во минатото коло. Иако на стартот губеа, одиграа одлична трета четвртина, во која го решија прашањето за победникот на средбата.