Македонија за жал по Фени Индустри, не доби втор освојувач на БИБЛ лигата. Куманово немаше сила за подвиг, а дека црно му се пишува и вечерва, сигнал беше и темницата во салата поради немање струја, поради што мечот доцнеше 25 минути. Така составот од Бугарија славенички, со медали на градите и пехар во раците си замина од Куманово. Домашните кошаркари на крај мораа да се задоволат само со утешниот пехар за поразениот во финалето.